Десетте најсмртоносни градови во Европа

Од:

Доколку европските градови се споредат со градовите во САД или со други градови во светот, тие се далеку побезбедни.

Европа е релативно мирен континент и неговите градови не припаѓаат во групата на топ 50 градови во светот со најголема стапка на убиства.

Еве ја листата на 10 европски градови со најголема стапка на убиства:

10. Амстердам

Главниот град на Холандија е на место бр.10 во категоријата најнебезбедни градови со стапка на убиство од 2.2 на 100.000 .

Во Амстердам може да се најдат многу бордели и релативна лесна достапност на психоделични (опојни) средства.

Според Холандски преглед, Амстердам е рангиран како најкриминална единица во државата.

9. Будимпешта

Стапката на убиства е слична како во Амстердам, со истиот просек пресметано со 100.000 граѓани.

Градот во 2017 година бележел 99 убиства годишно.

Будимпешта е познат по убавите бањи и е наречен „Парис на истокот“, во него има регистрирано повеќе од 62.870 криминални активности само во 2017 година.

8. Тампере

Тампере е град во Финската држава.

Тој е помал од претходните градови со 236.000 жители.

Стапката на убиства е иста како во Амстердам и Будимпешта (2.2 на 100.00).

Финска е држава која има најголем број на криминални активности споредена со другите Нордиски држави.

7. Белфаст

Белфаст е главен и најголем град во Северна Ирска со стапка на убиства од 2.4 на 100.000.

Во него живеат околу 300.000 жители.

Студијата на Irish Times открил дека криминалот во Северна Ирска се зголемил за десет пати во однос на стапката на криминал во 1945 година.

6. Целје

Целје е трет по големина град во Словенија со 38.000 жители.

Градот има стапка на убиства 2.6 на 100.000, според извештајот на полицијата од 2017 година.

5. Дебрецин

Дебрецин е вториот најголем град во Унгарија по Будимпешта.

Тој има стапка на убиства 3.0 на 100.000, во 2017 година.

Во градот живеат околу 202.000 жители.

4. Марсеј

Еден од најфреквентните пристанишни градови на Медитеранот со трговија на дрога.

Овој град е честа транзитна рута за трговија на хероин кој најчесто доаѓа од Турција, застанува во Марсеј и продолжува за САД и Канада.

Иако е атрактивна туристичка дестинација, Марсеј бележи стапка на убиства од 3.5 на 100.000 популација од околу 860.000 луѓе.

3. Клајпеда

Литванскиот град ја држи треттата позиција во европски градови со највисока стапка на убиства.

Градот има 3,9 убиства на 100.000 жители.

Стапката на криминал пораснала по донесување на новиот закон за забрана на возење по дејство на алкохол.

Во Клајпеда живеат околу 172.272 жители.

2. Вилнус

Вилнус е главен и најголем град на Литванија.

Повеќето од случаите поврзани со криминал се случиле во Стариот град Вилнус, а тоа е поради присуството на голема група на туристи.

Вилнус е град кој има стапка на убиства од 3,9 на 100.000 жители, а во него живеат околу 697.690, според последниот попис во 2017 година.

1 Каунас

Каунас е најсмртоносниот град во Европа со значајна висока стапка на убиства од 5,4 на 100.000, во 2017 година.

Градот е втор по големина во Литванија со популација од 383.764 жители.

 

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски