Десетмина починати од труење со алкохол во Полска

Од:

Изминатите денови во Полска, најмалку десет луѓе починале од труење со алкохол и според првите информации некои од шишињата имале чешки етикети, јави дописникот на МИА од Прага.

Полицијата потврдила дека во местото Старгард во северна Полска, од труење со алкохол кој содржел метанол, а кој бил купен на пазар починале петтмина.

Од труење со метанол исто така две лица починале во градот Хнјездо на запад од земјата. А се испитуваат причините за смртта на едни тричлено семејство во јужна Полска во општината Голковице.

– На местото најдовме разни празни шишиња од алкохол. По извршената обдукција ќе дознаеме што била причината за смртта, изјави портпаролката на полската полиција, која потврди дека на шишињата имало чешки етикети.

Серијата труења со алкохол во Чешка, која започна во септември предизвика смрт кај над 30 лица и неколку луѓе се осомничени за мешање на метанол во алкохолот.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад