Десетици милиони евра преку Чешка се префрлаат во Кипар и во Хонг Конг

Од:

Преку странските компании кои работат во Чешка, поминуваат десетици милиони евра кои од Русија завршуваат во Кипар и во Хонг Конг, се наведува во Извештајот на Финансискиот и аналитичкиот оддел на чешкото Министерство за финансии, јави дописникот на МИА од Прага.

Според директорот Либор Казда забележан е пораст на случаи каде средствата од криминални дејности се инвестираат во биткоин валутата, која всушност е дигитална, интернет валута преку која се избегнуваат таксите за трансфер на пари од една во друга светска валута.

Казда додава, дека минатата година се откриени повеќе случаи на незаконско префрлување на пари и тоа околу 3.200 случаи во споредба со претходната година која биле откриени 2.700 случаи.

– Овие групи веќе долго време живеат во Чешка и умеат тоа да го искористат, вели Казда објаснувајќи дека таквата појава не е предизвикана од чешките закони.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот