Десетици лица се сметаат за исчезнати, во лизгањето на земјиштето во северозапдната кинеска провинција Шанкси, соопштија локалните власти.
Околу еден милион кубни метри каливо земјиште, затрупа повеќе заеднички престојувачишта и згради на една рударска компанија во областа Шанјанг.
Лизгањето на земјиштето се случило рано изутрина по локално време.
Спасувачките екипи досега спасиле 14 лица, но операцијата за потрега по исчезнатите и за нивно извлкување од калта е отежната поради силните дождови што врнат во овој дел од Кина.
Земјата е зафатена од силно невреме, во годинешнава сезона на монсуните.
Силниот тајфун „Соуделор“, што ја погоди јужна Кина во текот на изминатиот викенд донесе со себе силни ветрови и обилни врнежи.
Според локалните власти, лизгањето на земјиштето зафатило 15 заеднички престојувашита, во кои спијат работниците во рудникот, како и три станбени згради. Во сите овие објекти што сега се затрупани се верува дека во моментот на несреќата имало околу 40 лица.
Во операцијата за спасување учествуваат и припадници на кинеската армија како и кучиња, дресирани за вакви спасувачки мисии.