Десетици еврејски екстремисти упаднаа во комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим

Од:

122 еврејски доселеници провалиле во комплексот Ал-Акса во источен Ерусалим, упаѓајќи преку влезот што го чувала израелската полиција, .пренесе агенцијата Анадолија.

Во комплексот во Стариот град се наоѓа џамијата Ал-Акса, една од најголемите светилишта на Исламот.

Вообичаено израелските доселеници влегуваат во комплексот секое утро и попладне преку портата Ал-Муграби, југозападно од џамијата.

Израелската полиција од 2003 година почна да дозволува упади на имигранти и покрај постојаните осуди од страна на Управата на исламски вакуфи во Ал-Кудс.

Упадите на фанатичните Евреи во комплексот Ал-Акса предизвикуваат ескалација на тензиите во регионот.

За муслиманите, Ал-Акса е третото најважно светилиште, а Евреите веруваат дека таму некогаш имало два еврејски храма.

Комплексот Ал-Акса, кој опфаќа 15 проценти од старото јадро на Ерусалим, претставува точка на спојување на трите најголеми религии во светот, е под израелска окупација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран