Десетгодишнина од нападот во Бали

Од:

Стотици спасени и роднините на жртвите ја одбележаа десеттата годишнина од нападот на индонезискиот остров Бали во кој на 12 октомври 2002 година. погинаа 202 лица.

Денес сакаме да покажеме дека ние сме обединети против тероризмот, изјави австралискиот воен капелан Јан Уитли на свеченото отворање. Повеќе од две илјади полицајци и војници беа распоредени за оваа годишнина откако полицијата откри дека има веродостојни информации за терористички закани.

Поканетите високи функционери истакнаа дека, сепак, нема да дозволат да ги порази тероризмот, почнувајќи од австралиската премиерка Џулија Гилард, чија земја имаше најмногу жртви во нападите – 88. Претставници од дваесетина земји чии државјани се убиени во нападите беа поканети да запалат свеќи во чест на жртвите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жална слика на Бали: џиновски кит умре откако се насука на плажа

Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата

Ана Ололовска

Силен земјотрес на Бали, најмалку тројца загинати

ВИДЕО: Туристи не носеле маски на Бали, по казна прават склекови

Жарко Настоски

ВИДЕО: Земјотрес во Индонезија, штети на островот Бали

Ана Ололовска

„Ден на тишината” на островот Бали