Десет тези за крајната десница во Европа

Од:

Крајната десница е многу разнолична и се движи од отворено нацистички партии до интегрирани буржоаски сили. Заедничко им е шовинистичкиот национализам, ксенофобијата, расизмот, омразата кон имигрантите и Ромите, исламофобијата и антикомунизмот.

1. Европските избори ја потврдија тендецијата која со години се забележува ширум континентот: спектакуларен подем на екстремната десница. Се работи за појава незапамтена уште од 1930 години. Во многу земји ова движење доби од 10 до 20 отсто гласови, денес во три земји Франција. Британија, Данска веќе достигна 25 до 30 проценти. Дури, влијанието на крајната десница од нејзиното гласачко тело: нејзините идеи ја контаминираат и класичната десница, па дури и дел од социјално неолибералната левица. Францускиот случај е најсериозен, бидејќи успехот на Националниот фронт ги надмина дури и најпесимистичките предвидувања. Како што неодамна е напишано во воведот на сајтот Медиапарт, пет минути е до 12.

2. Крајната десница е многу разнолична и се движи од отворено нацистички партии како Златна зора во Грција, до буржоаски сили кои совршено се интегрирани во институционалната политичка игра, како УДЦ во Швајцарија. Заеднички им се шовинистичкиот национализам, ксенофобијата, расизмот, омраза кон имигрантите, посебно не европјаните и Ромите како најстар народ на овој континент, исламофобијата и антикомунизмот. На тоа во многу случаи можат да се додадат антисемитизмот, хомофобијата, мизогинија, авторитарност, презир на демократијата и еврофобијата. Што се однесува до другите прашања на пример, ставови за или против неолиберализмот и секуларизмот, ова движење е поделено.

3. Би било погрешно да се верува дека фашизмот и антифашизмот се појави кои припаѓаат на минатото. Секако, денес немаме масовни фашистички партии кои можат да се споредат со НСДАП во Германија во 1930 година, но тогаш фашизмот не се ограничувал само на овој модел: шпанскиот франкизам и португалскиот салазиризам многу се разликувале од италијанскиот и германскиот модел. Голем дел од денешната Европска крајна десница делуваат во директна и-или неонацистичка рамка: тоа важи за Златна зора, унгарската Јобик и украинските партии Свобода и Десен сектор, но и нешто поинаку, за францускиот Национален фронт, австриската ФПО и белгиската Влаамс Беланг, чии основачи одржувале блиски врски со историскиот фашизам и силите кои колаборирале со Третиот рајх.

Во другите земји како Холандија, Швајцарија, Британија и Данска, крајните десничарски партии немаат фашистичко потекло, но со фашизмот ги делат расизмот, ксенофобијата и исламофобијата. Еден од аргументите со кои често се докажува дека крајната десница се променила и дека повеќе нема многу врска со фашизмот е нејзино прифаќање на парламентарната демократија и изборниот пат до власта. Да се присетиме дека Адолф Хитлер стана канцелар на Германија со легално гласање во Рајхстагот и дека маршал Патен за шеф на државата го избра францускиот парламент. Кога Националниот фронт ќе дојде на власт по изборен пат, што за жал повеќе не е хипотеза која може да се отфрли, што би останало од демократијата во Франција?

4. Економската криза која ја потресува Европа од 2008 година речиси секаде освен во Грција, повеќе помогна на крајната десница отколку на радикалната левица. Овие две сили се неспоредливи, за разлика од европската состојба во 30-тите, кога во многу земји антифашистичката левица растеше паралелно со фашизмот. Денешната крајна десница несомнено профитираше од кризата, иако таа не објаснува се: во Шпанија и Португалија, две држави најтешко погодени од кризата, крајната десница остана маргинална. И во Грција, иако Златна зора експоненцијално растеше, тоа се одвиваше во сенка на подемот на Сириза, коалиција на радикалната левица. Во Швајцарија и Австрија, земји кои во голема мера кризата ги заобиколи, расистичката крајна десница често добива над 20 отсто гласови. Така да треба да внимаваме на економските објаснувања кои често ги дава левицата.

5. Историските фактори неоспорно одиграа некоја улога: долгата антисемитска традиција распространета во некои земји; издржливоста на колаборационистичките струи од Втората светска војна; и колонијалната култура која ги шири ставовите и однесувањето долго по деколонизацијата, не само во поранешните империи, туку речиси во сите европски држави. Сите овие фактори делуваат во Франција и и помагаат да се објасни успехот на Марин Ле Пен.

6. Концептот на популизмот кој го користат некои политиколози, медиуми, па дури и дел од левицата, целосно е несоодветен за објаснување на оваа појава и служи само за ширење на конфузија. Ако во Латинска Америка од 30-тите до 60-тите години терминот популизам се употребувал да дефинира нешто сосема конкретно – варгасизам, перонизам итн. неговата европска употреба од 90-тите до денес е се помалку јасна и прецизна. Популизмот се дефинира како политичка позиција која се сврстува со народот против елитата, што важи за речиси секоја политичка партија или движење. Кога се употребува за партиите на крајната десница, овој псевдоконцепт, свесно или несвесно, ги легитимира, ги прави прифатливи или дури примамливи, бидејќи кој уште не е за народот против елитата? – внимателно избегнувајќи вознемирувачки изрази како: расизам, ксенофобија, фашизам и екстремна десница. Неолибералните идеолози исто така свесно мистификаторски го користат популизмот да ја спојат крајната десница и радикалната левица, па ги означуваат како десничарски популизам и левичарски популизам, бидејќи и едните и другите се против неолибералните мерки на Европа итн.

7. Левицата во целина, со ретки исклучоци, сериозно ја потцени оваа опасност. Не го виде кревањето на бранот, па така не виде ни потреба да преземе иницијатива во антифашистичка мобилизација. За одредени струи на левицата, кои крајната десница ја толкуваат како нуспроизвод на кризата и невработеноста, мора да се нападнат причините, а не само фашистичката појава. Таквото типично економистичко резонирање ја разоружа левицата пред десничарската, ксенофобична и националистички идеолошка офанзива.

8. Ниту една општествена група не е имуна на црната чума. Идејата на крајната десница, посебно расизмот, загади голем дел не само од ситната буржоазија и невработените, туку и од работничката класа и младите луѓе. Ова посебно се забележува во Франција. Овие идеи немаат врска со реалноста на имиграцијата: поддршката на Националниот фронт, на пример, беше посебно голема во некои рурални области кои никогаш не виделе ниту еден имигрант. А Роми имигранти, кои неодамна беа предмет на хистерична расистичка кампања, со несебично учество на тогашниот социјалистички министер за внатрешни работи Мануел Валс, има помалку од 20.000 во цела Франција.

9. Друга класична левичарска анализа на фашизмот е дека всушност се работи за инструмент на крупниот капитал за гушење на револуцијата и работничкото движење. Бидејќи работничкото движење денес е многу ослабено и бидејќи револуционерна закана не постои, крупниот капитал нема интерес да поддржува десничарски движења, па така ризикот од црна офанзива не постои. Тоа е уште едно економистичко толкување кое не ја зема предвид автономијата на некој политички феномен – гласачите навистина можат да изберат партија која нема поддршка од крупната буржоазија и судејќи според се, го занемарува фактот дека крупниот капитал може да се прилагоди на најразлични политички режими без големи дилеми.

10. Не постои волшебна формула за борба против крајната десница. Мора да бидеме инспирирани со соодветна критичка дистанца, со антифашистичките традиции од минатото, но мора да бидеме и креативни за да реагираме на новите форми на оваа појава. Мора да знаеме да ги комбинираме локалните иницијативи со добро организирани и структурирани унитарни социополитички и културни движења и на национален и на континентален план. Понекогаш можно е да се здружиме со духовите на републиканизмот, но организирано антифашистичко движење може да биде ефикасно и веродостојно само ако го предводат сили надвор од доминантиот неолиберален консензус. Тоа подразбира борба која не може да се ограничи само на една земја, туку мора да се организира на ниво на Европа во целина. Борбата против расизмот, како и солидарноста со неговите жртви, е една од основните компоненти на овој отпор.

Версо Блог

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа