Десет луѓе загинаа при израелски воздушен напад врз училиште на ОН во Појасот Газа

Од:

Десет лица загинаа, а 30 се повредени денеска при израелски воздушен напад, во кој било погодено училиште на ОН во градот Рафах во Појасот Газа, потврдија очевидци и медицински извори.

Израелските воени власти одбија да ги коментираат ваквите тврдења.

Граната, истрелана од авион, експлодирала на влезот од училиштето, каде се криеле стотици Палестинци кои побегнале од реоните на воените дејствија.

Околу 30 Палестинци беа убиени минатата недела при напади врз училишта на ОН во Бејт Ханун и Џабала, што предизвика остри реакции од меѓународната заедница.

Претходно денеска во воздушни напади беа погодени две деловни згради во центарот на градот Газа. Израелски војници соопштија дека денеска извршиле 180 напади, а според медицински извори во нив загинале 30 Палестинци.

Новите воздушни напади се случуваат во момент кога е соопштено дека Израел започнал да повлекува од Газа дел од своите копнени единици.

Портпарол на армијата утрово првпат официјално потврди делумно повлекување, нагласувајќи дека израелската операција не е целосно завршена, туку таа ќе се фокусира во реонот на Рафах.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа