Десет години по Катрина, Њу Орлеанс се уште е рековалесцент, но сепак прави прогрес

Од:

Еј-Би-Си њуз – Њујорк

Десет години по ураганот Катрина, дефинитивно најлошата природна катастрофа која ја погодила нацијата, има значајни знаци на прогрес долж обалата во Заливот.

Во 2005 година, ураган од категорија 3 го погоди заливот и уништи повеќе од 600,000 домови. Во Њу Орлеанс, во државата Лујзиана, паднаа огромни количнии дожд и го поплавија градот до ниво што и најголемите позитивци се сомневаа дали Големата леснотија (Big Easy) некогаш ќе се поврати.

– Беа погодени милион објекти, 250,000 домови целосно се уништени, а 1,800 луѓе повеќе не се со нас, рече градоначалникот Мич Ландрие, кој го наследи уништениот град во 2010 година од градоначалникот Реј Нагин. „Мислам, тоа беше големо, масивно нешто кое го погоди целиот град. Сите загубија се“.

Денес во Њу Орлеанс постои систем за заштита на градот од поплави, вреден 14,5 милијарди долари. Ландрие и други владини претставници сега покажуваат кон она што е наречено „Големиот ѕид на Њу Орлеанс“ и е направен да го заштит градот од некоја друга Катрина.

– На Њу Орлеанс му оди одлично… Браните го опкружуваат градот и имаме прилично добар механизам за испумпување на вода, рече Лендрие повторувајќи дека Големиот ѕид е доказ дека градот презема чекори во вистинска насока.

Полковникот Рик Хансен, командант за областа Њу Ореланс во Корпусот на инженеријата во американската војска, на кого падна сета вина откако претходната брана беше пробиена, вели дека новиот систем е заснован на 152 различни модели на невремиња. Хансен рече дека новиот систем за намалување на ризиите од урагани и невремиња, вреден 14,5 милијарди долари, вклучува и 133 милји брана… околу пошироката област на Њу Ореланс.

– Веќе две години го градиме и потребни се уште две години да го довршиме за сета конструкција да биде завршена, рече тој. „По ураганот Катрина, корпусот многу внимателно проучи што се случи и како реагираше претходниот систем и каде проби. Оттогаш ги применуваме тие лекции“, рече Хансен. „Ситемот кој е поставен околу градот или го обиколува градот, сега е повеќе пати поробусен отколку системот кој постоеше пред Катрина“.

Но со подобрувањата, Ландрие признава дека и по една деценија, довербата е она што треба да се гради заедно со заштитниот систем. Тој потсетува на скандалот поврзан со Нагин, кој во 2014 годна беше осуден на 10 години затвор заради корупција, како и заради лошата инфраструктура врз која удри Катрина.

Тој направи се да ги увери сите дека на оваа десет годишнина од одбележувањето од Катрина данокот кој го зема невремето врз областа и неговите жители треба да се запомнат, и дека сеуште има многу да се сработи.

-Кога претходно имате стар и изморен град, и имате држава која не инвестира во инфраструктурата, и потоа ќе бидете столчени како што и се случи, знаете што? Ви треба уште подолго време да се повратите, рече тој.

Едно нешто кое се врати побрзо отколку што повеќето луѓе очекуваа, е Супердомот (стадионот). Кога Катрина удри, стадионот беше официјалното градско засолниште од невремето. Цели шест дена, скоро 30,000 луѓе таму беа безбедни. Трибините беа преполни со преплашени луѓе, меѓу кои имаше многу деца и стари лица. Луѓето спиеа по бетонскте подови додека силните ветрови млатеа по покривот и одвреме навреме откинуваа делоови од него, по што дождовите истураа внатре. Водата и храната се намалуваа. Како што неуспешната одбрана од водата стана симбол за неуспехот на владата, така и Супердомот стана симбол на сето она што беше погрешно за време на Катрина. Неколку месеци по ураганот, Супердомот стоеше како споменик над градот. Но со текот на годините беше реновиран во износ од 336 милиони долари, и стана покриениот тестамент за отпорноста на градот.

– Супердомот беше точка на најверојатно најразурнувачките сцени кои Америка ги видела во својата историја, по реновирањето стана оваа прекрасно и ново здание, рече Ландрие со голем доза на гордост.

Чувството на триумф кој градоначалникот го покажува и денес, 10 години подоцна, е и за безбол тимот кој го користи стадинот како свој дом: Светците од Њу Орлеанс.

Веднаш по Катрина, тимот кој претходно беше повеќе познат како лузер отколку победник, стана симбол на повратот на градот од Градот на Полумесечината. И кога четвртбекот Дрју Брис го подигна пехарот за Супрекупот во 2009 година, тој успеа градот повторно да се радува.

Брис, кој се пресели во Њу Орлинс и им се придужи на светците наскоро по Катрина, по повредата на рамето и по несупепните преговори околу договорот за играње во тимот, вели дека му е благодарен на градот кој го усвоил, затоа што му помогнал пак да си верува самиот на себе. Тој зборуваше за подобрувањата за кои бил сведок во последниве десет години.

– Не само што Њу Орлеанс се врати… Се врати посилен во многу нешта“, рече тој.

Вербата која Брис ја има во Њу Орлеанс ја делат и многу други, и е голем дел од опоравувањето на градот. Организации засновани на вербата, кои волунтираа во целиот регион и секоја година по ред доаѓаа во заливвот за негова обнова, исто гаат верба за иднината.

– Она што го гледам во заедницата е не што луѓето се потсетуваат како претходно било, туку имагинацијата за тоа каков треба да биде, рече пречесниот Дејвид Фокнер, од Епископската црква Свето тројство во Пас Крисчан, во Мисисипи, која е дел од мрежата на организации кои помогнаа да се донесе стабилност во регионот по Катрина.

Токму затоа, 10 години по ураганот, каде и да погледнете и покрај работите кои допрва треба да бидат направени, постојат големи докази за отпорноста.

– Мислам дека тоа што гледате што се случува низ градот е токму величенствениот приказ за физичкото и духовното во градот, кој конечно сака да си застане на свои нозе. И во изминатите десте години, за тоа и стануваше збор, рече Ландрие.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница