Десет години од досега најстрашното цунами

Од:

Во Индонезија и другите околни држави чие население беше најтешко погодено од цунамито на 26 декември 2004 година, се подготвуваат соодветни церемонии со кои ќе се освежат сеќавањата на жртвите на една од најголемите катастрофи.

За потсетување на настанот, во неделното издание на весникот „Џакарта пост“, се констатира дека причина за се бил силниот земјотрес со магнитуда од 9,1 степени кој предизвикал налет на бранови високи 20 метра што пустошеа по копното во источната индонезиска провинција Ачех.

Количеството на енергија што се ослободила по земјотресот била еднаква на силата на 23.000 атомски бомби фрлени над Хирошима. Од негативниот ефект на така ослободената енергија загинаа 230.000 луѓе.

Индонезија од тоа цунами регистрира 167.540 жртви, на Шри Ланка загинаа 35.322, во Индија 16.269, а во Тајланд 8.212. Многу, но помалку од илајада жртви на цунамито имаше и во Сомалија, на Малдивите, во Малезија, во Мјанмар и во Танзанија. По двајца загинати како директна последица од разбеснетата површина на Индискиот Океан имаше и во Бангладеш, во Јужна Африка, во Јемен и на Сејшелите, а еден загинат беше запишан во Кенија.

Црната статистика говори дека и оваа преголема бројка на жртви не е најголема жетва на смртта што се случила во последните сто години. Над еден милион луѓе загинале во поплавите од 1.931 година во Кина. Во 1970 година циклоните во Бангладеш оставија зад себе над 300.000 загинати, а во 1.976 година по силен земјотрес во Кина беа регистрирани 255.000 загинати.

Економските последици по цунамито во Индонезија беа исто така катастрофални, а со меѓународна поддршка овде уште се санираат последиците. Само во провинцијата Ачех, на крајниот исток на индонезискиот архипелаг, беше направена штета од 4,5 милијарди долари. Вкупно, директната штета во сите погодени држави била 9,9 милијарди долари.

Според официјални податоци, меѓународната солидарност по цунамито била мошне позитивна. Собрани се 13,5 милијарди долари за помош, што е до сега најголемата сума акмулирана за помош на население што настрадало од природна катастрофа. Со овие средства обезбедени се нови домови, а често и работа за над 1,7 милион луѓе чии куќи беа однесени од брановите, а со помали исклучоци секој од настраданите добил финансиска поддршка од 7.100 долари.

Би можело да ве интересира

Италија го повлече предупредувањето за цунами

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди регионот на Тонга, издадено предупредување за цунами

А1он

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, се стравува од цунами

А1он

Јапонските власти се плашат од земјотрес кој би предизвикал цунами

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Предраг Петровиќ

Бројот на жртви од цунамито во Индонезија се искачи на 420, опасност од ново цунами се уште постои

Наум Локоски