Денеска свечена инаугурација на Обама

Од:

На церемонијата пред Капитол, седиштето на Конгресот, во Вашингтон, денеска ќе биде одржана формална церемонија на инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама.

Обама вчера положи заклетва за вториот претседателски мандат на приватна церемонија во Белата куќа, а денес официјално ќе биде инаугуриран на церемонијата на која ќе одржи инаугуративен говор пред повеќе стотици илјади луѓе.

Обама вчера заклетвата ја положи пред судијата на Врховниот суд Џон Робертс. На скромната церемонија во Сината соба во Белата куќа присуствуваа првата дама Мишел Обама, нивните ќерки Саша и Малија, како и неколку новинари.

Со закон е одредено претседателот да положи заклетва на 20 јануари, а ако е недела, тогаш заклетвата се полага во приватна церемонија, за следниот ден да го направи тоа јавно.

Милиони луѓе ширум светот денеска ќе ја следат инаугурацијата на Обама пред Капитол. Исто така се очекува во Вашингтон да се соберат околу 800.000 луѓе, што е значително помалку од 1,8 милиони, колку што американскиот главен град привлече на неговата церемонијата на инаугурацијата во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува