Денеска во Стокхолм ќе бидат доделени Нобеловите награди за достигнувања во науката, литературата и економијата, додека во Осло ќе биде врачена Нобеловата награда за мир.
Наградите традиционално ги врачува шведскиот крал, Карл Густав Шести во градската концертна сала во Стокхолм, додека Нобеловата награда за мир ќе се врачи во градската сала во Осло.
Првата Нобелова награда била врачена во Сен Тропе во 1901 година – пет години по смртта на Алфред Нобел. Секоја награда може да биде доделена на најмногу тројца номинации. Наградата се состои од златен медал, диплома и паричен износ, во износ од девет милиони круни (944.000 евра).