Ден на жалост во Либан по самоубиствените напади во кои загинаа 43 лица

Од:

Либан прогласи денеска ден на жалост по двојниот самоубиствен напад синоќа во кој загинаа 43 лица во јужен Бејрут.

Нападите беа извршени доцна синоќа во трговски и станбен кварт, кој се смета за бастион на либанското шиитско движење Хезболах.

Одговорноста за нападите ја презеде групацијата Исламска држава.

„Неприфатливо“ е наслов во весникот „Лориан ле жур“, додека весникот „Дијар“ објавува  крвави фотографии со телата на напаѓачите.

Весникот „Ал Акбар“, кој е поддржан од Хезболах објави дека „нема место за отстапки“ во врска со овој случај. Хезболах предупреди дека престои војна против неговите непријатели.

Генералниот секретар на Обединетите нации; Бан Ки-мун го осуди нападот и ги повика либанските служби за безбедност и државните институции да не дозволат овој инцидент да го уништи мирот, кој владее во земјата последната година.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда