Демонстранти се судрија со полицијата во венецијанската лагуна, пред самитот Италија-Франција

Од:

Демонстранти од околу 20 чамци денеска се судрија со полицијата во лагуната пред главниот плоштад во Венеција, непосредно пред средбата на лидерите на Италија и Франција, пренесоа американските медиуми.

Полициските чамци ги блокираа чамците на демонстрантите и со водени орудија им попречија да стигнат до брегот и плоштадот „Сан Марко“, додека уште една група демонстранти да стигнат на копното. И двете групи на крајот се растурија.

Над 500 демонстранти денеска учествуваа во протестот во Венеција против плановите за рестартирање на работата врз одамна проектираниот план за експресна железничка линија Лион-Торино, како и против присуството на големите бродови-крузери во венецијанска лагуна.

Италијанскиот премиер Матео Ренци и францускиот претседател Франсоа Оланд се очекува на денешната средба во Венеција да ја разгледаат ситуацијата во Либија и мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески