Демонстранти нападнаа со камења и молотови коктели автобус со азиланти во Финска

Од:

Демонстранти нападнаа со камења и молотови коктели автобус со баратели на азил, што пристигна во центарот на градот Лахти, во јужниот дел на Финска, јавуваат локалните медиуми.

Во протестот учествуваа 30-40 лица, меѓу кои еден облечен до долга бела облека како членовите на американската расистичка организација Ку-Клукс-Клан. Групата носеше фински знамиња и извикуваше навреди по патниците во автобусот, каде имаше 40 бегалци, меѓу кои и мали деца, соопшти финската телевизија.

Молотов коктел беше фрлен врз друг приемен центар во градот Коувола, исто така во јужниот дел на Финска. Полицијата соопшти дека во инцидентот нема повредени.

– Финската влада остро ги осудува расистичките протести во текот на ноќта врз баратели на азил, кои влегле во земјата. Секогаш ќе го осудуваме насилството и заканите со насилство, се наведува во соопштение на финската Влада.

Од почетокот на годината во Финска пристигнале над 13.000 баратели на азил, во најголем дел од Ирак. За споредба во изминатата година нивниот број изнесувал 3.600 лица.

Поради зголемениот прилив на бегалци, властите воведоа случајна проверка на границата и проверки на точки во земјата. Финска беше воздржана на гласањето за распределба на барателите на азил во земјите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца