Демократската партија на Монголија победи на парламентарните избори

Од:

Опозициската Демократска партија на Монголија (ДПМ) победи на парламентарните избори, кои се одржаа на 28 јуни, со мала предност во однос на главниот конкурент Монголската народна партија (МНП), соопшти Централната изборна комисија.

Според официјалните податоци, ДПМ освоила 35,32 процента од гласовите, а МНП 31,31 отсто. По нив следува коалицијата меѓу „Правда“ и Монголската народнодемократска партија, која освои вкупно 22,31 процент од гласовите.

Според Уставот победничката партија ќе добие право да формира влада. Се очекува на 13 јули новоизбраниот парламент да ја одржи првата седница и да избере премиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин пристигна во држава која има обврска да го уапси

(ВИДЕО) Експлодира цистерна со гас во Монголија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Илјадници Руси чекаат повеќе од 16 часа за влез во Монголија

А1он

Силен земјотрес на границата меѓу Монголија и Русија

Ана Ололовска

Момче во Монголија почина од чума, која му ја пренел заразен мрмот

Ана Ололовска

Во Монголија потврдени два случаи на чума

Ана Ололовска