Демократите во Конгресот велат дека Трамп е опасен за САД, дел од републиканците стравуваат за животот

Од:

Конгресмени од Демократската партија во САД во Конгресот за време на дебатата за импичмент на американскиот претседател предупредија дека додека Доналд Трамп е на власт, САД се во опасност.

Гласањето за обвинението во Претставничкиот дом се очекува околу 15.00 часот по локално време во Вашингтон. Се очекува да биде усвоено со поддршка на сите демократи и најмалку петмина републиканци, што значи дека импичментот ќе биде двопартиски (за разлика од првиот импичмент на Трамп).

Демократот Џим Мекговерн од Масачусетс рече дека дебатата се одвива „на местото на злосторството и немаше да бидеме тука да не беше претседателот на САД“.

Конгресменот истакна дека Трамп и неговите сојузници се виновни за немирите во Конгресот. Тој рече дека Трамп ја повикал толпата да се упати кон Капитол и „сигналот бил непогрешлив“.

Лидерот на мнозинството во Долниот дом, Стени Хојер, рече дека однесувањето на Трамп бара „итна, јасна акција од Конгресот“. Тој ги отфрли аргументите на републиканците дека брзиот импичмент само дополнително ќе ја подели земјата. Хојер цитираше петмина републиканци во Конгресот кои рекле дека ќе го поддржат импичментот на Трамп. Тој предвидува дека повеќе републиканци ќе се приклучат подоцна во текот на расправата.

Од друга страна, дел од републиканците во Конгресот изјавија дека се загрижени за сопствениот и за животот на нивните роднини ако го поддржат импичментот на претседателот Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен.

Некои од нив „сакаат да гласаат за импичмент, но стравуваат за нивните животи и за нивните роднини“.

Во меѓувреме, американските медиуми објавија фотографии на социјалните мрежи со војници од Националната гарда како спијат на подот во Конгресот, со оглед дека стравуваат од нов упад во Законодавниот дом. ссм/зш/

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски