Делумно помилување за поранешен агент на ЦИА во Италија

Од:

Италијанскиот претседател Серџо Матарела, делумно помилува еден поранешен агент на ЦИА за учеството во грабнувањето на египетскиот исламистички верски лидер Абу Омар, во Милано, во 2003 година.

Сабрина де Соуса, која има и португалско државјанство е осудена во отсуство во 2009 година, заедно со уште 22 други американски разузнавачи и двајца Италијанци, сите обвинети за киднапирањето на Омар, чие вистинско име е Хасан Мустафа Осама Наср.

Со претседателското помилување, казната за Де Соуса е намалена од четири , на три години затвор, што според италијанските прописи, значи дека таа сега може да бара алтернативна казна за затворската.

Италијанските медиуми пишуваат дека Де Соуса минатата недела била уапсена од португалската полиција, а денеска требаше да биде префрлена од Лисабон, во Милано, за да почне со издржувањето на казната.

Таа ги отфрла сите обвинувања и тврди дека не учествувала во грабнувањето на египетскиот исламски верски лидер.

Осама Наср, или Абу Омар, пред повеќе од 13 години бил грабнат на улиците на Милано, врз основа на тогашната програма на ЦИА за „одвлекување“ на осомничени за тероризам.

Од Милано, преку американските бази во Италија и во Германија, бил префрлен во Египет, каде подоцна тврдеше дека бил изложен на тортура. Поминал затворен четири години, пред да биде ослободен.

Европскиот суд за човекови права, подоцна, и наложи на Италија да му исплати отштета за грабнувањето од 115 илјади евра.

Во 2013 година, еден италијански суд го осуди Абу Омар во отсуство на шест години затвор, откако на крајот, сепак, беше обвинет за „криминална соработка во дела поврзани со меѓународниот тероризам“.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

ЦИА тврди: Украинската војска е потценета, украинските сили се борат за траен мир

Горан Наумовски

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски