Делови од градот Лвов во западна Украина се без електрична енергија по денешните напади врз клучна инфраструктура, соопшти градоначалникот Андреј Садови.
Садови на Твитер информира дека експлозии се случиле во „критична инфраструктурна локација“ и оти работата на термоелектраните во градот е „привремено прекината“.
„Во моментов нема топла вода. Вклучени се генератори на неколку пумпни станици за да се врати водоснабдувањето во градот. Дел од градот е без струја“ напиша тој.
Садови рече дека една третина од семафорите во градот не работат и оти откако ќе запрат тревогите, најфреквентните раскрсници ќе ги регулираат сообраќајци.
Извор: МИА