Два милиона луѓе во Виетнам од утре ќе бидат ставени под карантин откако северна провинција стана епицентар на епидемија на Ковид-19.
На жителите на провинцијата Хаи Дуонг им е наредено да останат дома 15 дена, јавија државните медиуми.
Од крајот на јануари, Виетнам забележа 637 локално пренесени случаи на коронавирус, вклучувајќи 461 само во провинцијата Хаи Дуонг.
– Од луѓето (во Хаи Дуонг) се бара да останат дома и да излегуваат само ако е потребно, како на пример да купат храна или лекови или да работат во фабрики или производствени установи за кои не се бара да се затворат“ рече портпаролот на Министерството за здравство на Виетнам, Сук Хое Дои Сонг.
Забранети се и собири на повеќе од две лица, додека училиштата, баровите и рестораните што беа затворени рано пред Лунарната Нова година ќе останат затворени.