Дејвид Камерон и принцот Чарлс ќе присуствуваат на комеморацијата во Ријад за кралот Абдула

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе отпатува денеска за Ријад за да присуствува на погребната комеморација по повод смрта на саудискиот крал Абдула бин Абдулазис, соопшти синоќа Даунининг стрит 10.

Во саудискиот главен град, од вчера вечер се наоѓа и престолонаследникот, принцот Чарлс, како претставник на кралицата Елизабета, па тие двајцата ќе ја сочинуваат британска делегација на комеморацијата.

Во специјалната изјава, Камерон рече дека е „длабоко расжалостен“ поради смрта на кралот Абдула, кому му изрази голема почит за она што го имаше направени за својата земја и за мирот.

Според Камерон, починатиот саудиски крал ќе остане запаметен по неговата „посветеност на мирот“ и на големата заложба за разбирањето меѓу религиите.

Во знак на почит, британските знамињата, на владините згради во Лондон и на катедралната црква Вестминстер Аби, во текот на вчерашниот ден беа поставени на половина копје.

Според објаснувањето од Даунинг стрит 10, станува збор за одлука која е составен дел на државниот протокол, уредена по формалното барање на кралската Бакингамска Палата.

Таквата владина одлука, меѓутоа, предизвика бранување во дел од британската политичка јавност, како и кај организациите за заштита на човековите права,кои ја осудија и ја оценија како погрешна.

Владата во Единбург се оглуши на одлуката на Лондон, објаснувајќи дека нема добиено формално барање за тоа, додека Амнести Интернешенел оцени дека наместо спуштање на знамето на половина копје, треба да се побара од Ријад да се престане со газењето на човековите права.

– Не се става државното знаме на половина копје, за лидерот на земјата каде луѓето се егзекутираат по нефер судење, изјави директорот на Амнести Интернешенел, Кејт Ален.

Кралот Абдула беше во државна посета на Велика Британија во 2007 година, како гостин на кралицата Елизабета. Саудискиот суверен допатува со шест авиони,за себе и за својата бројна придружба, за која од аеродромот Хитроу до Лондон, беа потребни 84 луксузни автомобили.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он