Дејселблум: Не сум оптимист за брзо постигнување на договор со Грција

Од:

Шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум денеска изјави дека е песимист во однос на можноста да биде постигнат договор со Грција на следната средба на министрите за финансии од еврозоната во понеделник во Брисел.

– Песимист сум во однос на прашањето за конкретната фаза во понеделник, изјави тој пред холандската телевизија НОС, алудирајќи на исклучително важната средба на министрите за финансии од еврозоната.

Грција има многу големи амбиции, но можностите, ако се земе во предвид состојбата на грчката економија, се ограничени, изјави Јерун Дејселблум, нагласувајќи дела не знае дали ќе дојде до договор во понеделник.

Спасувачката програма на Грција завршува на 28 февруари, а новата грчка влада одбива да ја продолжи.

Грчката влада е цврсто решена да се тргне од тројката меѓународни кредитори и строгите мерки за штедење, наметнати откако земјата во 2010 година зема помош во вредност од 240 милијарди евра. Атина се залага за нова програма со не толку строги мерки и услови.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија