Дебата во шпанскиот Парламент за формирање влада предводена од социјалистите

Од:

Шпанскиот Парламент денеска расправа околу предлогот за формирање коалициона влада, предводена од Социјалистичката партија (ПСОЕ).

Социјалистите беа втори на парламентарните избори во декември минатата година, на кои ниту една партија не освои доволно мнозинство за да формира стабилна влада.

Најмногу гласови и пратеници во Парламентот, одново има Народната партија на доскорешниот премиер Маријано Рахој, но тој не успеа да најде партнер за формирање влада, па го врати мандатот.

Кралот Филипе, потоа, му довери мандат на лидерот на социјалистите Педро Санчез кој соопшти дека успеал да се договори со партијата Сиудаданос (Граѓаните) и сега бара од Парламентот да ја подржат коалицијата.

Во синоќешното обраќањем Санчез ги повика пратениците да ја подржат неговата коалициона влада што тој ја нареќе „влада за промени„ но медиумите во Мадрид пишуваат дека мали се шансите, да успее во денешното гласање.

За да стане премиер, на Санчез му се потребни повеќе од половината гласови од вкупно 350 пратеници колку има Парламентот, а засега тој има обезбедено 130 гласови.

Двете други главни партии, Народната и Подемос, заеедно имаат 190 пратенички места, но тие претходно не се спогодија за коалицрање, а сега велат дека нема да гласаат за коалицијата на Санчез.

Други две помали партии, најавуваат дека исто така не сакаат да бидат во коалицијата што ја има иаградено ПСОЕ.

Доколку коалицијата на Санчез денеска не добие подршка, а Шпанија и понатаму остане без влада, ќе има ново гласање во Парламентот, за понудата на социјалистите.

Ако и во петок не се обезбеди владеачко мнозинство, на партиите ќе им се остават уште два месеци за да се изнајде коалиција за создавање влада, а потоа ќе мора да се одржат нови парламентарни избори на 26 јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски