Дебата во Германија: Одат ли бегалците „на одмор“ во својата татковина и треба ли поради тоа да им се укине статусот?

Од:

Германски министер предизвика дебата, тврдејќи дека сириските бегалци заминуваат за својата татковина „на одмор“ и затоа можеби треба да им се прекине статусот на бегалци. Критичарите велат дека „одморот“ е всушност заминување за да му се помогне на семејството.

Германски медиуми наведуваат дека германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер „сака насилно да ги врати Сиријците кои одат во Сирија на одмор“. Во коментарот во весникот „Велт“ се вели: „Вака бегалците го исмеваат германското гостопримство.“

Социјалните медиуми ја вжештија дебатата. Дали Сиријците ја злоупотребуваат заштитата што ја уживаат во Германија кога одат дома – на одмор?

Очигледно, Зехофер имал намера да остави таков впечаток кога му кажал на таблоидот „Билд“: „Кој како бегалец од Сирија редовно оди на одмор во Сирија, не може да тврди дека е прогонет во Сирија. Ако Федералната канцеларија за миграција и бегалци дознае за заминување во земјата на потекло, тогаш по итна постапка ќе биде проверена можноста за прекин на статусот на бегалец“.

Изјавата предизвика критики од опозицијата и хуманитарните организации.

„Изјавата на министерот сугерира дека сириските бегалци одат на одмор во земја каде има граѓанска војна“, рече претседателот на Каритас, Питер Нехер за ДВ.

„Преку работа со бегалците, научивме дека сириските бегалци за кратко време одат во земјата за да им помогнат на болните или малолетни лица од фамилијата кои се во неволја. Тие за кратко време одат во Сирија и ако некој од роднините е на смртна постела“, вели Нехер.

Синиот пасош им овозможува на бегалците да патуваат во странство, но не во земјата од каде избегале.

„Во моментов нема бројки или проценки за тоа колку Сиријци со бегалски статус во Германија отпатувале за Сирија, зошто патувале и во кои случаи таквите патувања довеле до одземање на статусот на бегалец“, велат од Бирото за бегалци.

Во изминатите неколку години, околу 780,000 Сиријци избегаа во Германија барајќи азил.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски