Данскиот весник „Јоландс постен“ ги зајакне безбедносните мерки по нападот врз „Шарли ебдо“

Од:

Данската медиумска групација „ЈП/Политикен Хус“, чиј весник „Јоландс постен“ објави во 2005 година карикатури на пророкот Мухамед, ги зголеми мерките за безбедност на своите објекти, откако претходно денеска беше извршен терористички напад врз редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица, а ранети беа десетици.

Данскиот карикатурист Курт Вестергор, автор на каркатурите во „Јоландс постен“ изјави денеска дека е потресен и шокиран од нападот врз францускиот медиум, кој исто така објавуваше карикатури, јави ДПА.

Тој нагласи дека задача на политичкиот карикатурист е да ги „држи на око сите авторитарни сили“ и нагласи дека и тој самиот има слична судбина со „Шарли ебдо“.

Карикатурите на Вестергор предизивкаа масовни протести во исламскиот свет и тој самиот беше цел на неколку неуспешни атентати, а во моментов е под полициска заштита.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген