Данскиот принц Јоаким опериран во Франција

Од:

Принцот Јоаким (51), најмалиот син на данската кралица Маргарет, беше итно опериран поради згрутчување на крвта во мозокот, објави денес кралската палата.

Принцот бил примен во Универзитетската болница во Тулуз во петокот навечер, бидејќи е на одмор во Франција и бил веднаш опериран, а неговата состојба во моментов е стабилна.

Како што се наведува, со него постојано е неговата сопруга Мари, која е со француско потекло, со која има две деца.

Претходно овој месец, двајцата беа фотографирани во данската кралска резиденција во Франција.

Јоаким е шести во редот на наследството, а пред него се неговиот брат престолонаследникот Фредерик и неговите четири деца.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ