Дански спортски риболовци повикани да ловат пастрмки избегани во морето

Од:

Едно данско еколошко друштво ги повика сите спортски риболовци во Данска да се впушта во лов на јато пастрмки, кои случајно избегале во морето.

Станува збор за околу 80 илјади пастрмки кои избегале од еден рибник, откако во него удрил товарен брод и тешко го оштетил.

Инцидентот се случил во фјордот Хорсенс на полуостровот Јутланд.

Претставник на локалната еколошка организација ги повика сите Данци кои имаат рибарски стап и јадици, веднаш да се упатат кон морето и да уловат колку што може повеќе од избеганите пастрмки.

– Ова е најлошото време за ваков инцидент, затоа што сега е период на местрење на дивата морска пастрмка, чии икри се најомилената храна за видот на пастрмки од рибникот, изјави тој за весникот „Копенхаген Пост“.

Еколошки експарти стравуваат дека избеганите пастрмки кои просечно тежат по околу три килограми, ќе ја нарушат репродукцијата на дивата морска пастрмка.

Товарниот брод што го предизвика инцидентот патувал од руската енклава Калининград кон данското пристаниште Колдинг.

Засега не е јасно како дошло до инцидентот и како бродот удрил во рибникот и го оштетил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген