Данската полиција издаде меѓународни потерници за апсење во врска со терористичките закани на Јутјуб

Од:

Данската полиција издаде меѓународни потерници за апсење на четворица мажи, кои преку Јутјуб упатиле закани против неколку познати личности во Данска, меѓу кои и генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, јави ДПА.

Четворицата мажи на возраст, меѓу 22 и 24 години, се бараат поради видео снимката што ја објавиле, на која се гледа како стрелаат кон снимки од Расмуен, карикатуристот Курт Вестергард, кој во 2005 година го нацрта пророкот Мухмед со бомби во чалмата и предизвика протести во муслиманскиот свет, како и кон писателот и критичарот на исламот Ларс Хедергард.

Закани биле упатени и преку радио до други личности, кои се смета дека изнеле навреди кон исламот, соопшти данската полиција.

– Полицијата во Копенхаген располага со информации дека еден од четворицата мажи бил убиен во борби во Сирија, но не е во можност да го потврди ова, поради што остануваат наредбите за апсење на сите четири лица, соопшти данското обвинителство.

Данскиот суд во април нареди четворицата мажи да бидат уапсени, но не го откри нивните имиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген