Данска воведе задолжителна воена служба за жени

Од:

Данскиот парламент гласаше без ниту еден глас против за воведување задолжителна воена служба за жени.

Данските жени кои ќе наполнат 18 години ќе служат иста воена служба како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа доброволно да се приклучат на воената обука од четири месеци.

Данска користи еден вид лотарија за воена служба ако доволен број волонтери не се регистрираат во дадена година, а тоа сега ќе ги вклучува и мажите и жените.

„Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили мора да привлечат поголем број регрути“, рече министерот за одбрана Лунд Поулсен.

Данска ќе испраќа 7.500 луѓе на воена служба секоја година. Се надева дека ова ќе го олесни и пополнувањето на активниот состав на вооружените сили, кој моментално се состои од 24.000 војници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Данците владеат со европскиот и светскиот ракомет

Фредериксен: Данска нема да им ја отстапи територијата на Гренланд на САД

Данска маршира кон полуфинале на ЕП во ракомет – прескокната е и Шпанија

А1он

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Данската премиерка постави црвена линија: Гренланд не е на продажба

Трамп ја нападна Данска: Без нас, сите денес ќе зборуваа германски и јапонски, тие се неблагодарни