Данска и Шведска се согласија: Северен тек беше намерно кренат во воздух

Од:

Во тек се истраги во врска со експлозиите што го оштетија гасоводот „Северен тек“ минатата година, но останува нејасно кога тие ќе бидат завршени, соопштија денеска министерствата за надворешни работи на Данска, Шведска и Германија во писмото упатено до Советот за безбедност на ОН.

Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, заклучија дека цевководите што пренесувале природен гас од Русија до Германија биле намерно кренати во воздух, но не кажаа кој би можел да биде одговорен, пренесе Ројтерс.

Во ова известување се наведува дека истрагите се уште не се завршени, и дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи.

Советот за безбедност на ОН денеска се состанува за да разговара за саботажата, откако Москва побара независна истрага за септемвриските напади врз гасоводите.

Во писмото се наведува дека руските власти се информирани за истрагите и дека проценуваат дека штетата е предизвикана од саботажа.

Во Германија федералниот обвинител отвори кривична истрага за да утврди дали е сторено кривичното дело саботажа од член 88 од Кривичниот законик, се вели во дописот.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек

ЦИА знаела за нападот на Северен тек: Го извеле Украинци и криеле од Зеленски

Катерина Ѓуровски

Според германските истражители: Доказите за уништувањето на „Северен тек“ водат до украинската војска

Горан Наумовски

Русија: Американски разузнавачки агенти се директно вклучени во експлозиите на Северен тек

Ана Ололовска