Данска и Германија за продолжување на контролата на границите

Од:

Данска ќе ја продолжи привремената контрола на границата со Германија за уште 30 денови, до 2. јуни, соопшти данското Министерство за имиграција, интеграција и изградба на станови.

Официјален Копенхаген првпат воведе привремена погранична контрола на 4. јануари, како одговор на сличните чекори преземени од Шведска реагирајќи на големиот бран мигранти од Блиски Исток и од Африка.

– Данска Влада оценува дека пограничната контрола и понатаму е неопходна за да се избегне трупање на поголем број илегални мигранти во Данска, се наведува во соопштението на Министерство за имиграција, интеграција и изградба на станови.

Во меѓувреме портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека Берлин побара од Европска комисија продолжување на граничната контрола на шенген зоната за уште шест месеци.

Во писмото испратено до ЕК се бара продолжување на контролата на германско-австриската граница за уште шест месеци, што беше воведено минатата година откако илјадници мигранти дневно поминуваа на германска територија.

Минатата година во Германија регистрирани се 1,1 милион мигранти. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген