Данска ги поддржа САД во спорот со Франција за подморниците

Од:

Данска ги поддржа САД во спорот со Франција околу големиот одбранбен договор во индо-пацифичкиот регион. Премиерката Мете Фредериксен во интервју предупреди да не се претворат „конкретните предизвици, кои секогаш ќе постојат меѓу сојузниците, во нешто што не треба да бидат“.

Франција остро реагираше на договорот меѓу САД, Велика Британија и Австралија. Како резултат на тоа, Австралија го откажа договорот вреден милијарди долари за купување француски дизел-подморници и наместо тоа ќе купи американски подморници на нуклеарен погон. Француската Влада оцени дека е измамена со договорот, и во вторникот ЕУ одлучи спорот да го стави на врвот на својата политичка агенда.

– Знам од искуство дека американскиот претседател Џо Бајден е многу лојален на трансатлантската алијанса, изјави таа. На прашањето дали може да ги разбере француските критики, Фредериксен одговори дека „не може и воопшто не ги разбира”.

– Ова не значи дека Данска се согласува со САД за сите прашања. Рековме дека би сакале да видиме друг вид повлекување од Авганистан. Но, јас воопшто не сум разочаран од новата американска администрација, додаде данската премиерка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел