Данска до 2070 година гради остров кај Копенхаген

Од:

Данска планира да изгради нов остров блиску пристаништето во Копенхаген за да создаде повеќе простор за зголемената популација, најави денеска данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен.

Островот би можело да биде изграден до 2070 година и на него би живееле 35.000 жители. Според Расмунсен, тоа би го штитело градот од растечкото ниво на морето.

– Копенхаген се повеќе се развива и гради како никогаш досега. Тоа е добро, но значи и дека градот наскоро ќе остане без простор поради што сакаме да изградиме нов остров, изјави Расмунсен.

Проектот ќе чини 3,1 милијарди долари, вклучително изградба на метро и тунели, а ќе го градат неколку компании од Копенхаген и Данска.

Би можело да ве интересира

Дански министер за финансии: Најголем пад на економијата од Втората светска војна

Ана Ололовска

Во Данска забранети се собири на повеќе од 500 луѓе до 1 септември

Ана Ололовска

Данска: Нема помош за компаниите регистрирани во „даночните оази“

Ана Ололовска

Данска планира укинување на дел од ограничувањата

А1он

Данска ги ублажува мерките, од среда ќе ги отвори училиштата и градинките

А1он

Данска почнува со олеснување на карантинските мерки

Ана Ололовска