Данец покрена весник за да им помогне на наркомани да купуваат дрога

Од:

Данскиот социјален претприемач Микаел Лодберг Олсен покрена весник со цел да им овозможи на корисниците на дрога да ја финансираат својата зависност.

Корисници на дрога излегоа викендот на улици во Копенхаген за да продадат пет илјади примероци од весникот Илегал по цена од 30 дански круни (4 евра). Секој од нив ќе задржи за себе 20 дански круни. Од тие пари ќе може да купи дрога за свои потреби, соопшти издавачот.

Тој најавува дека ако проектот биде успешен, весникот ќе се продава и на улици во Лондон.

Олсен, кој со свои пари го финансира печатењето на весникот, вели дека целта му е на зависниците од дрога да им даде малку достоинство и извор на приходи кои ќе служат како алтернатива на проституција и криминал.

Весникот има 56 страниџи и дело е на доброволци. Првото издание содржи написи за американската војна против дрогата, описи на лица кои користат дрога во Орхус, втор по големина град во Данска, како и список на 20 најопасни дроги, чиј предводник е алкохолот.

Еден од проектите на Олсен кој предизвика контроверзи е и подвижната соба за вбризгување дрога што им овозможува на наркоманите безбедно и дискретно место за задоволување на своите потреби. Станува збор за комбе во кое зависници вбризгуваат дрога под надзор на медицинска сестра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген