Данците гласаат на референдум за промена на условите од нивниот договор со ЕУ

Од:

ДПА – Хамбург

Данците денеска гласаат на референдум дали да биде заменет повеќе од две децении стариот систем за неучество во заедничката политика на ЕУ во областа на внатрешните работи и правосудството, со систем во кој на земјата и се дава можност да учествува според конкретен случај, слично на учеството на Велика Британија и Ирска.

Но, бледата кампања остави многу од гласачите без мислење.

На гласачите во Данска на референдум им е поставено прашањето во колкав степен земјата да се приклучи кон законодавството на Европската унија.

Ако мнозинството гласа со „да“, Данска, која е член на ЕУ од 1973 година, може да го смени веќе долго време своето неучеството во европската политика во внатрешните рабтои и правосудство, со систем во кој ќе може да учествува според конкретен случај, слично на учеството на Велика Британија и Ирска.

Но, кампањата не предзвика особено голем ентузијазам меѓу електоратот.

Испитување на јавното мислење направено завчера и објавено во онлајн политичкото списание „Алтингет“, дава незначителна предност на оние кои се склони да гласаат со „да“ – 34,8 проценти, во споредба со 33,4 проценти на приврзениците на спротивното мислење, и 31,8 проценти на тие без мислење.

Многу засегнати прашања и доцното започнување на кампањата „придонесе за несигурноста меѓу гласачите“, вели професор Марленс Винд од Центарот за европски политики при Универзитетот во Копенхаген.

– Луѓето едноставно не разбираат што ги прашуваат, изјави таа за ДПА, подвлекувајќи ја многу сложената правна материја по која требаше да се изјаснат.

Приврзаниците на присоединувањето кон заедничката европска политика – петпартиски сојуз во кој е вклучена и десната партија на премиерот Ларс Луке Расмусен и главната социјалдемократска опозиција, инсистираат дека реформата е неопходна за да остане Данска партнер во Европол – европската трансгранична служба за борба против криминалот.

– Ако Данска не е дел од Европол, земјата ќе биде помалку безбедно место за живеење, изјави Расмусен минатата недела по посетата на организацијата во Хаг.

Сегашниот систем за неучество кој датира од 1993 година, и овозможува на Данска да стои настрана од сите наднационални политички решенија на ЕУ во внатрешните работи и правосудството. Но, со Лисабонскиот договор од 2009 година, уште поголем дел од соработката во ЕУ беше префрлен на наднационално ниво со реформите кои се однесуваат на Европол.

Ако Данска не поддржи потесни врски со ЕУ, ќе го загуби своето членство со општоевропската полициска служба.

Ако победат приврзениицте за потесна соработка Данска ќе треба да ги прифати постоечките 22 правни норми почнувајќи од семејните закони, кои го опфаќаат уредувањето на разводи и издржувањето на деца, па се до трговските договори како што е трансграничното враќање на долговите.

Левата партија Единствена листа е портив укинвањето на сегашниот систем за неучество, како и Данската народна партија која и обезбедува парламентарна поддршка за малцинската влада на Расмусен.

Евроскептичната Данска народна партија (ДФ) е позната по својот тврд став кон имиграцијата и смета дека учеството на Данска во заедничката политика ќе доведе до насилно спроведување на европската политика за бегалците, иако приврзениците на учеството го тврдат обратното.

Според ДФ, наместо тоа Данска треба да склучи одделен договор со Европол, како Норвешка, која не е членка на ЕУ, и да ја задржи сегашната позиција.

Лидерот на ДФ, Кристина Тулесен Дал во неделата на телевизиска дебата со Расмусен изјави дека политиката на неучество „го чува данскиот народ“ од проевропските политичари во данскиот парламент.

Расмусен објасни дека „тоа нема да биде гласање за или против ЕУ. Станува збор за тоа дали Данска, како Велика Британија и Ирска, да биде во примамливата позиција да прифаќа нешта кои ја засилуваат нејзината безбедност, а да не учествува во останатите“.

Професор Петерс Недергард, политиколог од Универзитетот во Копенхаген, вели дека е тешко да се предвиди резултатот од гласањето, „иако луѓето се доста приврзени кон тие исклучености кои се симбол на данскиот суверенитет“.

Според данскиот устав, рефердум се свикува за секој закон со кои се надминуваат надлежноста на наднационалната власт.

Скандинавската држава исто така избра да остане надвор од еврозоната и надвор од политиките на Унијата во областа на одбраната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген