Дамаск: При израелските напади загинаа три лица

Од:

При израелските воздушни напади врз цели во Сирија загинаа три лица, а две други се повредени, соопшти денеска претставникот на сириската армија, бригардниот генерал Али Мајхуб.

Во изјава емитувана на сириската телевизија, Мајхуб додаде дека при нападите, изведени минатата ноќ, биле оштетени една радарска постројка, магацин со оружје и неколку системи за противвоздушна одбрана.

Тој не прецизираше дали меѓу загинатите и повредените при нападите има и ирански војници.

Претходно, Сирискиот центар за мониторинг за човековите права соопшти дека при израелските воздушни напади загинале најмалку 23 лица.

Според оваа невладина организација со седиште во Лондон, меѓу загинатите се петмина сириски војници, вклучително и еден офицер, како и 18 припадници на провладините паравоени сили.

Мајхуб во изјавата нагласи и дека сириската противвоздушна одбрана пресретанала „голем дел“ од израелските ракети.

Руското Министерство за одбрана, пак претходно, соопшти дека противвоздушната одбрана на Сирија уранала „повеќе од половината“ од ракетите што ноќеска ги истрела Изреал кон цели на сириска територија.

– Цел на нападите беа иранските вооружени сили, како и позициите на единицата за противвоздушна одбрана на сириската армија во близина на Дамаск во јужна Сирија. се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Израел денеска соопшти дека извршил напади врз цели во Сирија, кои се оценети како најжестоки од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година, како одговор на обидот за ракетирање на израелски бази на Голанската Висорамнина од страна на иранските сили стационирани во Сирија.

Министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман изјави дека израелската армија ја уништила „речиси целата“ иранска инфраструктура во Сирија, додавајќи дека ниту една иранска ракета не погодила цели во Израел.

Според него, сите ирански ракети или биле урнати од израелската противвоздушна одбрана или воопшто не стигнале до територијата на Израел.

– Израел не тежнее кон ескалација со Иран и се надевам дека тоа поглавје ќе биде затворено и секој ја доби пораката, наведе Либерман.

Портпаролот на израелската армија Јонатан Конрикус пак соопшти дека иранските сили истрелале околу 20 проектили и ракети од сириска територија врз израелски цели на Голанската Висорамнина.

Тој истакна дека израелската армија возвратила на нападите и уништила десетици ирански воени цели во Сирија.

– Тоа е најсериозен обид на иранската специјална единица Ал Кудс да го нападне Израел. Четири од иранските ракети беа пресретнати, а другите не погодија израелски цели, посочи потполковник Конрикус.

Во соопштение на израелската армија се наведува дека нејзините сили извршиле воздушни напади врз десетина објекти на Ал Кудс во Сирија, меѓу кои штабови, воени и логистички комплекси, воен камп северно од Дамаск, магацини лоцирани на дамаскиот меѓународен аеродром, набљудувачки пунктови, како и локациите од каде биле истрелани ракетите врз Израел.

Израелските авиони ја нападнале и сириската противвоздушна одбрана, откако таа отворила оган врз нив, но не погодила ниту еден.

– Израел не е заинтересиран за ескалација на конфликт со Иран. Иранската агресија е уште еден доказ за вистинските намери за зацврстување на иранскиот режим во Сирија и заканите како по Израел така и по стабилноста во регионот, посочи Конрикус.

Тој додаде дека израелската армија нема да дозволи Иран да дејствува од Сирија и оти Дамаск ќе биде одговорен за тоа што се случува на сириска територија.

– Израелските вооружени сили се подготвени за голем број сценарија. Доколку продолжи агресијата врз израелскиот суверенитет и граѓани, армијата решително ќе одговори, наведе Конрикус.

Тој додаде дека Израел ја известил Русија пред нападите согласно Механизмот за избегнување на судири меѓу израелската и руската армија во Сирија од 2015 година.

Би можело да ве интересира

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа