Дали навистина во Европа сите се еднакви?

Од:

Дојче веле – Бон

Новата грчка влада брзо мораше да сфати дека цела ЕУ од неа очекува и понатаму да штеди. Францускиот буџет веќе со години е во минус, но за Париз и големите очигледно важат некои други правила – смета Барбара Весел.

Во Европа има различни видови на правила: тие кои мора да се почитуваат, но и тие кои не мора да се почитуваат. Или можеби треба да ја свртиме оваа реченица: Во Европската унија има два вида на членки, големи и мали. А за нив и правилата важат на различни начини.

И бидејќи тоа е така, Франција сега повторно доби одложување од уште две години за да го запре својот хроничен државен дефицит. Само во 2006 и 2007 година Париз успеа привремено да се придржува до границата од 3 отсто на поголеми трошоци од приходи, но од тогаш редовно троши повеќе од што смее.

Сега пак до април француската влада мора да претстави амбициозен план за реформи, инаку како што одлучи Европската комисија, Франција може да плати милијарди евра казна на Брисел. Но, тоа е веќе пети пат така да се заканува на Париз и сега повеќе никој не верува дека таа закана е навистина сериозна.

Трпението кон Франција со горчлив вкус

Такво нешто веднаш предизвикува цела низа негативни ставови. Прво, моментот на оваа одлука е мизерен: пропаднатата Грција овие денови беше изложена на невиден притисок да се придржува на реформите кои и ги пропишува Брисел, инаку ќе и биде прекинат дотекот на пари. Покрај тоа, од групата земји на еврозоната, постојано се апелираше: правилата мора да се почитуваат!

Секако дека презадолжената Грција која живее приклучена на финансиска инфузија од Европа и со својата неефективна државна администрација и многу неодговорната политика, не може да се споредува со Франција. Но и Париз премногу години создаваше превисоки долгови, што само по себе сеуште не е катастрофа. Но, тоа е кршење на европските правила што Европската комисија речиси премолчено ги трпи и тоа остава горчлив вкус во уста.

А и фактот дека моменталниот европски комесар за стопанство и финансии е еден Французин, не оди во корист на оваа нејзина состојба. Пиер Московичи од почетокот се залагаше за политика во Европа која ќе биде повеќе ориентирана на стопанскиот раст, под паролата повеќе да се инвестира отколку да се штеди. Сега пак и со дела ги следи своите зборови.

Јункер сака друга политика

Притоа има поддршка и од својот шеф. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер смета дека големите метрополи неволно примаат совети од Брисел. Тоа додуша е точно, но таквата политика не води никаде. Европа се темели на начелото дека големите и малите држави имаат исти права и исти обврски и за тоа нема за што да се расправа. На тоа Јункер мора да се сети и со Париз да разговара малку посериозно. Но тоа не му паѓа на ум и затоа што и лично смета дека моменталната стопанска и финансиска политика на ЕУ е всушност погрешна.

Луксембуржанецот сака да троши повеќе пари и конјуктурната слабост во Европа да ја скрши со поголеми инвестиции. А тука е и спротивното мислење на Ангела Меркел во Берлин. Јункер и со својот неуспешен обид за посредување во спорот околу Грција покажа дека тој всушност вози по други патеки. Неговата одлука за Франција е и своевидна објава на војна на германската влада.

Економистите во Европската унија се поделени во два табора: едни сметаат дека мора да продолжат со досегашната политика на штедење и реформи за да се контролираат националните државни буџети и да се загарантира стабилноста на еврото. Другиот табора пак бара повеќе јавни инвестиции за земјите практично да ги надминат своите долгови.

Без оглед на тоа што е исправно, треба да се потсетиме: во Европската унија сеуште важат рестриктивните правила за стабилност на заедничката валута. Тие можат да се променат, ако за тоа се покаже политичка волја. Но тие правила едноставно да се игнорираат само затоа што е грешник некоја голема земја, тоа е грешка и смрди на неправда.

Последна шанса за Франција

И на крај Франција: Големата нација изгледа е отпорна на токму ужаснувачкиот начин на сите обиди за реформи и тоа независно од тамошната политичка партија, движење или група. Објаснувањата и оправдувањата од Саркози па до Оланд, звучат како од иста книга: – Нашиот стопански раст е слаб, не смееме да го загушиме, ни треба подолго време за реформите…

А потоа не се случува едноставно ништо. Конзервативците во Елисејската палата мораа да капитулираат пред гневот на народот кога се обидоа барем малку да го спречат расипништвото на социјалната држава и пофлексибилно да ги одредат правилата на пазарот на трудот. А Франсоа Оланд за малку ќе го симнеа неговите сопствени левичари кога самиот најави ситни реформи. Бидејќи тој Лои Макрон (наречен по францускиот министер за стопанство Емануел Макрон) требаше да биде само почеток на буџет со ограничени правила и моќта на интересните групи во францускиот јавен живот.

Франција се задушува сама себе во прашумата на своите силни правила и своите идеолошки рововски битки каде се чинат невозможни сите разумни компромиси и преку партиските редови. Всушност, мнозинството граѓани на Франција сакаат промени и нивното незадоволство многумина ги води во рацете на десничарските популисти на Марин Ле Пен. Франсоа Оланд има само уште една шанса: навистина да создаде план за реформи какви што ги бара Европската унија и потоа со сите трикови да ги пробутка во парламентот во Париз. Тоа ќе биде решавачки испит и за неговото претседавање и за насоката по која ќе оди Европа. 

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски