Дали на Кина и треба тактичко нуклеарно вооружување?

Од:

Прашањето за тоа дали Кина поседува тактичко нуклеарно оружје ги интересира многу аналитичари. Се наведуваат најразлични оценки, од целосно немање на таква класа на оружје во Кина, до постоење на 150 или повеќе единици.

Кинеската ракетна индустрија произведува се посовремени модели на крстосувачки ракети и балистички ракети кои потенцијално можат да се користат за достава на нуклеарно полнење. Како што расте потенцијалот на кинеската борбена авијација, прашањето за тактичкото нуклеарно оружје се почесто се поставува.

За современото кинеско тактичко нуклеарно оружје малку се знае. Ние сигурно знаеме дека кон крајот на 70-тите и 80-тите години Кина активно се занимаваше со разработки во таа област. Тогаш беа произведени неколку типови на компактни тактички нуклеатни полнења со мала сила и изведени се маневри каде кинеската армија ги вежбаше дејствијата во услови за употреба на такво оружје.

Во услови на тоа време, најцрно време од периодот на студената војна, тоа имаше смисла. Кина се наоѓаше во состојба на воена конфронтација со СССР. Притоа, како најверојатно сценарио за конфликти Кинезите ја разгледуваа големата офанзива на советските воени тенкови на одред од Монголија и Далечниот Исток на СССР во Североисточна Кина.

Советските трупи имаа огромна предност во мобилноста и огнената моќ, затоа Кинезите не можеа да бидат сигурни во својата способност да ја спречат нивната офанзива со обични средства. Беа испробани различни типови на тактичко полнење и некои од нив очигледно се пуштени во производство. Покрај тоа, во кинеската доктрина за неприменување на нуклеарно оружје во прв ред беа внесени важни огради, кои дозволуваат да се примени нуклеарно оружје против противникот кој извршил инвазија.

Сепак, во втората половина на 80-тите години се случи брза нормализација на советско-кинеските односи, а по распадот на СССР, Русија и Кина постепено воспоставија односи на стратешко партнерство. Сценариото на голема копнена офанзива на Кина, за чие отфрлување треба да се наведе тактичкото нуклеарно оружје, стана однапред нереално.

Може да се претпостави дека потоа Кина ги прекина или на минимум ги намали инвестициите во производството на тактички нуклеарни полнења. Ако извесна количина на тактичко полнење била произведена во време на студената војна, можно е подоцна по истекот на рокот тие едноставно да не се заменети со нови. Во прилог на тоа зборува фактот дека во 2004 година министерството за надворешни работи на Кина изјави дека Кина располага најмалку со такво оружје, од 5 официјално нуклеарни сили според бројот на нуклеарните боеви глави.

Тоа значеше дека биле помалку од британските 225 боеви глави. Земајќи ги предвид познатите во тој момент поставени кинески балистички ракети DF-5A, DF-31, DF-4, DF-3A, DF-21 и 12 ракети на единствената подморница на проектот 092, вкупно беа 156 стратешки балистички ракети од сите класи. Кина теоретски можеше да остави најмногу 69 полнења, кои можеа да бидат стратешки (на пример, нуклеарните авионски бомби со голема сила) или тактичките, на пример боеви глави на ракетите DF-15 или DF-11. Но, бидејќи Кина не ја наведе долната граница на својот потенцијал, многу е веројатно дека тактички полнења и немало.

Во стратешката област Кина долго се придржуваше на принципот на минимално одвраќање, одбивајќи трка во количина на боевите полнења со другите нуклеарни сили. Кина само се стремеше за себе да обезбеди гарантирана можност за возвратен удар во случај на нуклеарна агресија од противник. Како најслаба страна, Кина очигледно не беше заинтересирана за нуклеарна ескалација на конфликти, освен ако не стануваше збор за закана од вооружено заземање на голем дел од кинеската територија. Но, такви опасности по распадот на СССР немаше.

Претпоставките за враќање на кинеското тактичко нуклеарно оружје, веројатно, ќе се појават во случај ако се случи зголемување на бројноста и на техничкото ниво на кинескиот стратешки нуклеарен арсенал. За можноста на такво зголемување зборуваат успесите на Кинезите во создавање на новите типови на интерконтиненталните балистички ракети и балистички ракети подморници. Ако се донесе политичка одлука, Кина ќе може релативно брзо да создаде соодветен потенцијал, свртувајќи се кон разработка во областа на тактичкото нуклеарно оружје од 70-тите и 80-тите години. 

Гласот на Русија – Москва

 

Би можело да ве интересира

Мислела дека е чекан: Со рачна граната 20 години кршела ореви и ковала клинци

Предраг Петровиќ

Кина: Поранешни министри исклучени од Комунистичката партија поради мито и корупција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Силен земјотрес ја погоди Кина

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина