Дали е време да се фрлат американските учебници по историја?

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Американските ученици за историјата на нивната држава порано учеа од „официјални“ извори – наставници и учебници акредитирани и проверени од експерти. Но, тоа повеќе не е случај.

Историчари-аматери и други лица сега можат да поставуваат се што сакаат на интернет, драстично менувајќи ги информациите и начините како пристапуваме до нив.

Ова може да значи дека е дојдено време методот на учење од учебници да стане минато.

– Многу од педагошките методи беа развиени во време кога имаше недостиг на информации и од таа причина требаше да ги меморираме фактите. Не можевме да напишеме учебник за се што се случило во минатото, вели Сем Вајнебург, професор на Универзитетот Стенфорд и автор на книгата “Зошто да се изучува историјата (Кога веќе ја имате на вашиот телефон?)“.

Сега можете побрзо да ја прашате Сири, отколку да се потпирате на вашата меморија. Имаме апликации кои се продолжение на меморијата, на начин кој порано беше незамислив.

Имајќи го тоа во предвид се поставува прашањето како ефикасно и смислено да го користиме времето предвидено за настава во училиштата?

Вајнебург, кој ги проучува методите на изучување на историјата во САД, вели дека наместо да го ограничуваме пристапот до интернет, време е да ги учиме учениците како да разликуваат вистински од лажни информации.

Освен тоа, Вајнебург верува дека на часовите по историја треба да се предава пошироко хронолошко познавање на историјата и фундаментално разбирање на принципите на основањето на нацијата.

Како да се предава историјата е предизвик и за Центарот Вудроу Вилсон од Вашингтон.

– Треба да сториме повеќе за да ја направиме историјата порелевантна и да остане важна за денешните деца кои се многу поразлични од оние кои учеа американска историја во училиштата пред 25 или 50 години, вели Патрик Рикард од Центарот „Вудроу Вилсон“.

Организацијата во моментот работи со наставници за развивање на стратегии со цел да им се помогне на учениците да имаат подобро разбирање на минатото.

Во поделена нација како што е американската во моментов, Вајнебург и Рикард ја согледуваат вредноста на поимањето на историјата преку различни перспективи.

– Знаеме дека со различни перспективи т.е. истиот настан да биде виден преку повеќе очи е важен елемент за разбирање на контекстот, вели Рикард.

Но, за Вајнебург, клучен предизвик е да се всадат основните вештини за граѓанство со кои ќе се охрабрат идните гласачи да ги проценуваат информациите на интернет, да истражуваат за политиката и политичките прашања на нивните телефони, пред да излезат на гласање или барем додека чекаат во редица за да гласаат.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија