Дали е ова крај на бракот на капитализмот и Господ?

Од:

Индекс – Загреб

Џеф ДеГраф, професор, писател и советник на многу американски организации, е експерт за иновации и на Универзитетот во Мичиген води посебна програма која се занимава токму со иновации, а најпознат е неговиот придонес при создавање на моделот под името Competing Values Framework кој помага на многу организации да обединат неколку спротивставени вредности и да ги претворат во нешто што на крај резултира со развој и раст.

Во својата неодамнешна колумна се занимавал со општествените движења и дошол до заклучокот дека „следната голема работа‟ нема да биде некој нов гаџет ниту чудотворен лек, туку начинот на животот. Оваа „општествена иновација‟ како што ја нарекува тој, нема да одбележи нов почеток, туку низа завршетоци.

Имено, се поголем број на млади луѓе доаѓаат до заклучокот дека е време да го направат тоа што нивните родители не го направиле. Ги извртуваат културолошките и економските конвенции кои ги сметаме за интегрален дел од цивилизираното општество. Не влегуваат во бракови. Одбиваат да станат дел од компететивната корпорациска култура, а многу од нив не припаѓаат на ниту една организирана религија.

Крај на бракот

Според пишувањето на Њујорк Тајмс, повеќе од половина Американки помлади од 40 години родиле вонбрачни деца. Ако се прилагодат параметрите на пребарувањата на квалитетната едукација и економската состојба, тој број е многу поголем.

Секако, за овој тренд постојат многу други објаснувања, од финансиска независност на едуцираните жени кои не ја прифаќаат културолошката стигма на вонбрачно раѓање на деца, па се до латентната реакција на разводите на нивните родители. Оваа промена со себе донесува и низа комплексни предизвици.

На пример бракот е основен елемент на американската законска регулатива на сопственоста. Некои веруваат дека овој тренд довел и до поголем број на деца кои живеат во сиромаштија. Истите тие скептици сметаат дека пропаста на институцијата брак може да доведе до низа непредвидливи последици. И додека општествените норми можеби и се промениле, правниот систем кој би ги заштитувал невенчаните мајки се уште доцни.

Од друга страна, пишува ДеГраф, крајот на бракот може да означи почеток на нешто големо. Погледнете ги само скандинавските земји кои спаѓаат меѓу државите со најобразовано население и стандард кој е далеку над просекот. И кај нив гледаме ист тренд меѓу младите, а општеството е далеку од распад и како што можеме да видиме, им оди далеку подобро од што е тоа случај со држави во кои главниот збор го водат традиционалисти кои ги форсираат семејните вредности.

Крај на капитализмот

Пред колапсот на економиите од средна класа во Америка, Европа и Азија, меѓу младите дојде до префрлување на фокусот од економијата на општествените вредности. Според некои истражувања оваа промена создава голем генерациски јаз меѓу бумерите и миленијалците кои стануваат се поголеми и поголеми. Ова е веројатно директна реакција на веројатно најлошата можност за вработување во последните 100 години, а тоа што некогаш се гледало со потсмев, денес се доживува далеку попозитивно. Делат куќи, автомобили, а секој ден сме сведоци на бавна смрт на интелектуалната сопственост. Знаци на анти-комерцијализам се на секој чекор, а младите од ден на ден наоѓаат нови начини како „да го хакираат новиот свет‟.

Со тоа миленијалците ги нарекол „генерација јас, јас, јас‟. И додека многу читатели негативно реагирале на зајадливиот тон на есејот на Џоел Стеина, најголем пропуст е тоа што на авторот не се сетил на колаборациската природа на оваа генерација. Постои голем пресврт меѓу младината која бавно ги напушта традиционалните кариери и се врти кон некои други вредности чија цел е напредок на заедницата. На пример, далеку поголем процент на млади со диплома работа бараат во непрофитабилниот сектор, за разлика од изминатите 40 години. Некои ќе кажат дека се работи за очекувана реакција на состојбата на пазарот на трудот, или се ќе припишат на поголемата родителска поддршка, но овој глобален поглед на светот покажува вистински промени што се однесуваат до ставовите кон тоа што значи изразот „смислена работа‟.

Крај на Господ

Според пишувањето на Вашингтон Пост, 25 отсто миленијалци не сакаат да бидат поврзани со традиција темелена на верата, а дури двојно од нив не припаѓаат на ниту една црква. Дури, се поголем број на млади не веруваат во Господ, а ова се трендови не само во САД, туку и во Европа. Атеизмот е едноставно нов тренд меѓу младите возрасни луѓе.

Што ја избрка младината од духовните традиции во толку голем број во рекордно кратко време?

Истражувањето покажува дека се работи за културен светогледен јаз за кој најмногу е виновна црковната догма поврзана за истополните бракови и ставовите кон науката и медицината. Еден од пресудните фактори секако се и случаите на сексуално злоставување. Дури и верското списание Релевант во натписот „Дали Интернетот ќе го убие христијанството?‟ зборува за се поголем број информатички писмени верници кои ја отфрлуваат црковната хиерархија и духовна утеха наоѓаат меѓу себе. Значи, ја отфрлаат традицијата и духовноста ја наоѓаат на алтернативни места. Ова никако не е прво укажување на оваа комбинација на индивидуализам и комунитаризам. На крај, тоа беше темел на американскиот напредок во раниот 20 век. Но, институционалните творби кои некогаш служеа како мост меѓу различните групи со различни погледи на светот, денес делуваат непроодно и не раздвојуваат.

Зошто се случува сето ова и што тоа значи?

Некои социолози тврдат дека не се раобти за нешто невидено туку само за современа верзија на неразумно изобилие какво што го гледавме во доцните 20-ти и 60-ти години од минатиот век. Накусо, тие тврдат дека работите треба да се пуштат да одат по својот тек и дека се ќе се врати во нормала.

Но, во реалноста, неограничената поврзаност го промени начинот на кој проживеаните искуства ги интегрираме во нашето толкување на тие искуства и тоа го создаде „новото нормалното‟. Сите тие технологии, од паметните телефони, социјалните мрежи, до технологиите кои служат за предводење, сето тоа ни даде поширок поглед, но преку помала призма.

Современата комуникација делува хоризонтално, демократски и инклузивно, но сите тие помали заедници ќе резултираат со исклучување од поголемите системи на барање на вечно решение. Со други зборови, имаме цела низа микро-сегменти и многу малку консензуси бидејќи не постои некои поголем светоглед кој сите го делиме. Токму спротивното, се работи за персонализирани светогледи. Макс Вебер, основач на социологијата, ова го предвиде уште пред сто години и напиша дека дезинтеграцијата на улогата која ни ја додели општеството, на крај ќе доведе до пропаст на интегративните институции и популаризација на екстремен индивидуализам. Визијата на Вебер за иднина во која нема единствени перспективи на интеграција на вредностите, не е далеку од реалноста. Без брак, капитализам и Господ кој служи како врска која ги обединува нашите заеднички искуства и интерпретациите, исчезнува заедничкиот идентитет и чувството за цел. Станавме „колективно јас‟.

Дали ова навистина е крај на бракот, капитализмот и Господ?

И да и не. Да, бидејќи се повеќе луѓе одлучуваат да излезат од овие институции и активно се поставуваат наспроти нив. И не, бидејќи без оглед на алтернативите, секогаш ќе постои потреба за стабилно семејство, меритокрација и верба во нешто повеќе од самиот себе.

Иронијата е тоа дека луѓето кои најмногу ги сакаат овие институции и системи, се верувања на родители кои денес ги отфрлуваат. Бумерите биле концентрирани на личната слобода и на слободата во толкава мера што заборавиле да го исчистат патот за своите деца.

На место на колективното чувство на судбината која би ги поврзувала Американците од 20 век, се наоѓаат поединечни примери на сочувство и самоостварување. Наместо да работат на поголемо добро како што е лечење на некоја болест или праќање луѓе на Месечината, миленијалците работат на личното добро. Но, тоа не значи дека младите луѓе се себични. Токму спротивното. Многубројни хуманитарни организации на луѓето им даваат прилика да помогнат на другите и на себе. Тоа е моќна комбинација на алтруизам и личниот развој. Нашите делови сега се наша целина. Соочени со фрагментација, следната генерација на творци и мислители се пронаоѓа сама себе и ги поттикнува луѓето околу себе да го направат истото.

Бракот, капитализмот и Господ ќе продолжат да постојат, но ќе се појават во некој друг облик. Голема сила на лично, интимно ниво. Клучен е концептот на хибридноста, мешавина на старите институции и иновативните вредности. Пофлексибилните бракови кои се широко дефинирани, економските системи кои не ги прифаќаат категоризациите како што се микрофинансирање и биткоините, но и религии кои се мешавина на древните традиции и личниот развој карактеристичен за 21 век, од јога до психотерапија.

Секако, сето тоа се шпекулации. Вистината е дека се движиме во непозната насока и дека тоа е нешто со што треба да се помириме. Сите ние сакаме да ја видиме иднината, тоа е во нашата природа. Но, едноставно не можеме да го направиме тоа. Основата околност на иновацијата е дека немаме податоци за тоа што доаѓа. Тоа е вечна фрустрација, но во исто време и извор на неограничени можности. Треба да се оддалечиме од традиционалните структури и да дозволиме на нашите граници да станат флексибилни и конечно да се срушат.

„Јас сум женет капиталист и католик и веројатно делувам како квинтесенцијална стара гарда. Но, се воздржувам од осуда и имам отворен ум. Не само што сум подготвен еден ден да исчезне сето она што го познавам, таа помисла ме возбудува. Треба да ве возбудува и вас‟ – заклучува ДеГраф. 

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски