Да поставиме Армија на границата со Чешка и Австрија, сугерира експерт на германската ЦДУ

Од:

Експертот за безбедност на владејачката Демохристијанска партија (ЦДУ) во Германија, Хенинг Оте, смета дека поради поради порастот на бегалци кои пристигнуваат од Австрија, германската Армија треба да ја чува австриската и чешката граница, информираа медиумите во Прага.

Како што јави дописникот на МИА, тој смета дека полицијата веќе е преоптеретена и има потреба и од поддршка на Армијата.

Бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија преку границата со Австрија постигнува рекорди. Во понеделникот и вторникот на два гранични премини поминале вкупно 13.500 бегалци.

Германските политичари предупредуваат дека Австрија слободно пушта бранови бегалци слободни да минуваат низ земјата и ја повикаа германската канцеларка Ангела Меркел да разговара со австриските претставници за решавање на таквата ситуација.

Виена јави дека ќе ја подобри заштитата на границата со Словенија, ќе постави ограда, но не планира да затвора премини.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија