Црногорски боксер обвинет во САД за шверц на 20 тони кокаин преговара за спогодба за признавање вина

Од:

Горан Гогиќ, поранешен црногорски боксер обвинет во САД за шверц на речиси 20 тони кокаин, започнал преговори за признавање вина со американските власти. Адвокатот на 43-годишниот Црногорец побара одложување на рочиштето пред судот во Њујорк бидејќи преговорите за признавање вина се во рана фаза.

Како што пишува порталот Trade Wind, преговорите биле признати како дел од кривичната постапка пред федералниот суд во Бруклин, Њујорк. Таму, Гогиќ се соочува со обвинувања дека помогнал да се префрлат 19,9 тони кокаин во три пловила во флотата на швајцарската компанија MSC.

Трејд Винд во февруари објави дека Гогиќ се изјаснил за невин по сите обвиненија. Гогиќ е обвинет во САД дека ја координирал испораката на дрога со контејнерски бродови.

Обвинителите тврдат дека Гогиќ координирал со членовите на екипажот на комерцијалните бродови што се користат за транспорт на дрога. Тврдат и дека соработувал со дилери на дрога во Колумбија од кои набавувале кокаин.

Велат и дека контактирал со луѓе во европските пристаништа кои чекале да го преземат кокаинот кога тој ќе стигне на неговата дестинација. Американските власти тврдат дека Гогиќ не бил шверцер на дрога од низок ранг, туку висок дилер на наркотици за балканските картели.

Минималната казна за делата за кои се товари Гогиќ е 10 години, но доколку биде осуден може да добие доживотна казна.

Минатиот октомври федералните агенти го уапсија Гогиќ додека се качуваше на лет за Цирих во Мајами. Акцијата за апсење ја координирала ДЕА, американската специјална агенција за борба против трговијата со дрога.

Би можело да ве интересира

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Приведен 23-годишен дилер во гостиварско

А1он

(ВИДЕО) Кај дилер од Скопје пронајдена дрога и компјутерска опрема

Горан Наумовски