Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ испратени во Париз

Од:

Црните кутии од авионот на „Етиопиан Ерлајнс“ кој се урна кусо време по полетувањето од Адис Абеба, се испратени во Париз, соопшти авиокомпанијата.

– Етиопска делегација, предводена од претставници на Бирото за истраги на несреќи (АИБ) ги однесе двете црни кутии (снимачот на податоци за летот – ФДР и снимачот на гласови во пилотската кабина ПКР) во Париз, Франција, за истрага, објави авиокомпанијата на Твитер.

Во несреќата што се случи во неделата загинаа сите 157 патници и членови на екипаж.

По неколкудневни притисоци, инцидентот предизвика Боинг да ја приземји целата светска флота од авиони 737 Макс. Истиот тип на авион падна минатата година во Индонезија при што загинаа 189 лица.

Би можело да ве интересира

Загинаа 15 Етиопјани откако се расипал бројот со кој требало да стигнат до Јемен

Ана Ололовска

„Боинг“ ќе исплати 100 милиони долари на роднините на загинатите во двете катастрофи на „737 Макс“

Ана Ололовска

Генерал убиен при обид за воен удар во Етиопија

„Боинг“ тврди дека поправил грешки во софтверот за моделот 737 Макс

Ана Ололовска

Боинг не информирал со месеци за проблеми во безбедноста на „737 Макс“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Свештеник во Етиопија секој ден оди бос до црква на висина од 250 метри

Татјана Ташкова