УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Од:

Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) денеска го осуди воздушниот напад врз градинка во бунтовничкиот етиопски регион Тиграј, во кој беа убиени и ранети деца. Ова е прва меѓународна потврда дека градинката е погодена.

Претставник на болницата во градот Мекеле изјави дека четири лица загинале, меѓу кои две деца, а девет се ранети во нападот. Државната телевизија објави дека се убиени „седум цивили, меѓу кои три деца“.

Извршниот директор на УНИЦЕФ Кетрин Расел на Твитер објави дека „децата уште еднаш платиле висока цена за ескалацијата на насилството во северна Етиопија“.

Борбите продолжија во средата во северна Етиопија, со што заврши петмесечниот прекин на огнот меѓу федералната влада и бунтовничките власти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

Ана Ололовска