По двата нови големи земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала што ги погодија Турција и Сирија во понеделникот, експертите објаснуваат дека оваа појава не била неочекувана.
Додаваат дека земјата може да се тресе со години.
Како што јави Си-Ен-Ен, земјотресите од минатиот понеделник се сметаат за вид на очекувани последователни потреси кои го следат првичниот на 6 февруари, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.
„Овие последователни потреси стануваат поретки со текот на времето, иако можат да траат со денови, недели, месеци, па дури и години по земјотрес со голема јачина“, наведува Геолошкиот институт на САД.