Чувар убил 11 лица во дом за стари

Од:

Обинителството на Каталонија побара судот да му изрече казна затвор од 194 години, на четириесет и петгодишниот Жоан Вила Дилме, во шпанскиот град Ѓирона, бидејќи е виновен за убиство на 11 лица во домот за стари, каде што бил вработен како чувар.

Дилме или „Ангелот на смртта“ е уапсен во октомври 2010 година, по смртта на 85-годишна старица која испила варикина.

Тој признал дека е виновен за нејзината како и за смртта на уште две стари лица кои ги натерал да испијат варикина, за да стави крај на нивните страдања.

Во периодот од август 2009 до октомври 2010 година се случиле уште осум убиства, кои подоцна беа обелоденети.

Жртвите добивале поголема количина на инсулин или други фатални комбинации на лекови.

Судот не ги зеде в предвид како олеснителни околности наводите дека Дилме имал ментални проблеми, наведе „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски