Чувањето на Асанж го чини Скотланд Јард десет милиони фунти

Од:

Чувањето на основачот на Викиликс, Џулајен Асанж за да не побегне од еквадорската Амбасада во Лондон, досега го чини британскиот Скотланд Јард десет милиони фунти.

Толку чини стражарењето на полицијата од летото 2012, па до крајот на 2014 година, која 24 часа се наоѓа пред зградата на дипломатската мисија на Еквадор во која престојува Асанж.

Ако се обиде да излезе од Амбасадата, полицијата веднаш ќе го уапси Асанж и ќе го депортира во Шведска, каде правосудните власти го бараат под обвинение за силување и сексуален напад врз две Швеѓанки.

Инцидентот со Швеѓанките се случил во летото 2010 година кога Асанж престојувал во Стокхолм за едно предавање.

Двете млади жени веднаш потоа поднеле кривична пријава против основачот на Викиликс, па шведското Министерство за правда врз основа на европска потерница за апсење, побара од британските власти да го уапсат и да го екстрадираат поранешниот австралиски хакер во Шведска.

Асанж, кој престојуваше во Лондон, беше притворен, но со кауција му беше дозволено да се брани од слобода, со обврска да престојува на адресата што му ја определи судот се додека не заврши судската постапка.

Основниот и Вишиот суд во Лондон пресудија тој да им биде предаден на шведските власти, а кога таквата одлука ја потврди и британскиот Врховен суд, почна постапката за екстрадиција.

Асанж одби да ја прифати пресудата на британските судови, па прекршувајќи ги сите правила за пуштање на слобода со кауција, во јуни 2012 година побегна од куќата во која мораше да престојува и се сокри во зградата на амбасадата на Еквадор.

Во август истата година властите во Кито му дадоа политички азил и побараа од Лондон да дозволи тој слободно да премине до некој од лондонските аеродроми за да замине за Еквадор.

Официјален Лондон го одби ваквото барање и постави полициска стража пред еквадорската мисија, за да се спречи бегството на Асанж.

Претставник на Викиликс изјави дека е срамота што Велика Британија потрошила десет милиони фунти спречувајќи Асанж да замине „на слобода“.

Тој од почетокот на целата постапка ги отфрла обвинувањата на двете жени и тврди дека Шведска го бара на сослушување само за да им го предаде на Американците, кои би му суделе за објаавувањето на илјадници доверливи и тајни владини документи.

Асанж сега ја обвинува Владата на Шведска дека ја применува тактиката од Гвантанамо за „држење во притвор без обвинение“.

Британскиот заменик-премиер Ник Клег, меѓутоа, денеска порача дека Асанж треба да оди во Стокхолм и да се соочи со правдата, затоа што, како што рече, е осмничен за сериозни кривични дела.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он