Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Од:

Од под остатоците на зграда на југот на Турција извлечена е мачка, која поминала 49 дена под урнатините.

Разорни земјотреси ги погодија јужните региони на Турција на 6 февруари, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, од каде потекнува трогателната приказна за преживеаното милениче.

Сопственичката на мачката Нида Дина (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓаa до урнатините на зградата и ја бараa својата двегодишна мачка Хан.

– Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините на нашата единаесеткатница – изјави Дина.

Сопственичката рече дека е среќна поради чудото и додаде дека луѓето никогаш не треба да губат надеж бидејќи чуда навистина се случуваат.

– Хан моментално е во ветеринарната станица. Тој има проблеми со ногата и е на детален преглед. Се надевам дека ќе ги надмине сите проблеми – изјави Дина.

За мачката Хан претходно се грижеше и ветеринарката Фатма Ѓул Ханкуолу која е сега среќна што ја гледа жива 49 дена по земјотресот.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Објавен бројот на загинати во земјотресите во Турција