Човекот што му влепи шамар на Макрон е „малку изгубен“, љубител на средновековно мечување

Од:

Напаѓачот кој вчера му удри шлаканица на Емануел Макрон, за време на посетата на францускиот претседател на југот на земјата, не е осудуван и нема полициско досие, а во прашање е човек кој водел друштво на љубители на средновековното мечување, пишуваат медиумите.

Извор од полицијата го идентификувал осомничениот како 28-годишниот Дамиен Тарел.

Тој е под истрага за напад на јавен функционер, соопшти локалниот обвинител.

Макрон, кој тргна на турнеја по Франција за „да го почувствува пулсот на земјата по пандемијата“, почувствува нешто многу понепријатно вчера, кога наместо група симпатизери со кои сакаше да поразговара, веднаш по доближувањето кон толпата, налета на Тарел и доби силен шамар.

Извор од истрагата го опиша Тарел, кој веднаш беше уапсен заедно со уште еден осомничен, како некој што е „по малку изгубен, по малку неприлагоден, а по малку си игра“. Според дел од француските медиуми, тој бил претплатен на голем број десничарски канали на Јутјуб, што може да укаже на неговата десна политичка определба и на можните мотиви за нападот врз претседателот, кој е некогашен член на француската Социјалистичка партија, а денес се идентификува со левиот центар.

Според француските закони, за напад врз јавен службеник на Тарел му се заканува затвор во траење од три години и парична казна од 45.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски