Чиле и Перу ги повлекоа амбасадорите од Израел поради Газа

Од:

Чиле и Перу ги повикаа „на консултации“ своите амбасадори во Израел поради продолжувањето на израелската воена акција во Појасот Газа.

Чиле ја оценува операцијата како „колективна казна против мирното население на Газа“, се наведува во соопштение на Министерството за надворешни работи во Сантијаго.

– Операцијата не ги почитува основните норми на меѓународното хуманитарно право, како што покажуваат над илјада цивилни жртви, меѓу кои жени и деца, како и нападите врз болници и училишта, оцени Кабинетот на чилеанската претседателка Мишел Бачелет.

Перу, исто така, изрази длабоко жалење поради прекинот на примирјето и продолжувањето на израелската воена операција во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина